Спогодбен раскин помеѓу Славе Николов и РФМ, Благојче Тодоровски е нов комесар за натпревари

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) официјално го назначи Благојче Тодоровски за нов комесар за натпревари во РФМ.

Откако беше спогодбено раскинат договорот со Славе Николов, Ракометната федерација на Македонија мораше да бара друга алтернатива, а тоа е судијата Благојче Тодоровски.

“Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено ја раскинаа соработката со Ракометна Федерација на Македонија во делот на спороведување на програмските активности, упатуваме благодарност за досегашната соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван г-дин Благојче Тодоровски на место на г-дин Славе Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ,  ракометен меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво”, – стои во соопштението од РФМ.

(фото-Фејсбук/Благојче Тодоровски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести