Македонскиот тренер Марјан Колев во новата сезона ќе го предводи машкиот тим на Курнон Доверњ.
Тој и клубот потпишаа договор на една сезона. Тимот на Курнон Доверњ се натпреварува во третата лига на Франција.
„По кратка пауза, подготвен сум за оваа нова авантура со Курнон, која ветува дека ќе биде возбудлива. Клубот е добро структуриран, има амбиција и квалитетен тим. Сигурен сум дека сите заедно можеме да направиме добра работа”, – изјави Марјан Колев.
Претходно Марјан Колев беше тренер на женската екипа на Ница каде остана шест сезони. Колев исто така поседува и Мастер коуч лиценца.
(фото-Рк Курнон Доверњ)📷