Ракометарите на Тиквеш забележаа победа против ракометарите на Бутел Скопје со конечни 37-33 во Супер лигата.
Тимот на Тиквеш го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Мартин Димовски со осум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Давид Јаневски со седум гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








