Екипата на Охрид забележа висока победа против екипата на Струга со конечни 33-16 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Охрид победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 17-8.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Доминик Мате со седум гола, додека кај екипата на Струга најефикасни беа Филип Пајкоски, Дарко Георгиевски и Марио Танкоски со по три гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








