Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров го објави поширокиот список на повикани ракометари за квалификациите за Европското првенство.
На списокот се најдоа 35 ракометари, нови имиња на списокот се Никола Костески, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски.
Сениорите за време на ЕХФ неделата ќе одиграат два натпревари во квалификациите. На 12 октомври во Скопје против Луксембург и на 16 октомври против Турција во Ван (Турција).

(фото-РФМ)📷