Составот на Младост 1977 Богданци во последните секунди со пресврт триумфираше против Македонија Ѓорче Петров со минимални 26-25.
Во првите неколку минути се играше гол за гол, на полувреме Македонија Ѓорче Петров имаше предност од 12-11. Во второто полувреме тимот од Ѓорче Петров имаше предност, но на крај во последните секунди Младост 1977 Богданци успеа да триумфира против домашната екипа.
Најефикасен во екипата на Младост 1977 Богданци беше Антонио Николоски со осум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Филип Ролевски со шест гола.
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷