Екипата на Астраион ја забележа првата победа во Првата лига оваа година, откако на гостински терен во Ресен ја совлада Преспа со резултат 27-24.
Во текот на целиот натпревар беше доста рамноправно, но екипата на Астраион во последните минути успеа да направи водство, и да слави против Преспа.
Најефикасен во екипата на Астраион беше Стојанов со девет гола, додека кај екипата на Преспа најефикасен беше Табаковски со пет гола.
(фото-Рк Астраион)📷