Екипата на Маркови Кули забележа победа на гостувањето кај екипата на Кале Кичево со конечни 26-24 во кадетската лига.
Иако составот на Кале Кичево го имаше водството, сепак составот на Маркови Кули се врати за на крај да слави победа во Кичево.
Најефикасни во редовите на Маркови Кули беа Јована Ѓорѓиеска со 13 гола, Ангела Наумоска и Јана Лозаноска со по 4 гола.

(фото – ЖРК Маркови Кули)📷








