Екипата на Охрид на социјалните мрежи потврди дека спогодбено е раскинат договорот со ракометарот Никола Грубиќ.
Десниот бек во екипата на Охрид пристигна пред стартот на сезоната, иако со тимот имаше потпишано договор на две години, но тој договор нема да биде испочитуван од двете страни.
Претходно србинот настапуваше за екипите на Партизан и Дубочица, а сега е во потрага на нов клуб.
(фото – ГРК Охрид)📷