Викендов екипата на Охрид гостува кај екипата на Прилеп во натпревар од машката Супер лига.
За натпреварот со екипата на Прилеп, изјава даде и ракометарот на Охрид, Иван Тасески, кој очекува победа против домаќинот.
“После победата над Бутел не смееме да се опуштиме. Екипата на Прилеп не е воопшто за потценување. Треба максимално фокусирани да влеземе во натпреварот и да ја оправдаме фаворитската улога”, – изјави Иван Тасески.

(фото – ГРК Охрид)📷