Екипите на Спартак и Чаир одиграа нерешено со резултат 25-25 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир во последните секунди со погодокот на Александра Коловска се избори за нерешено против Спартак.
Најефикасни во редовите на Чаир беа Росана Павлова и Нора Махмуд со по шест гола, додека кај екипата на Спартак најефикасни беа Таида Беровиќ и Анастасија Николовска со по осум гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷








