Даниел Андоновски: Против Алкалоид да ја израдуваме охридската публика

Викендов се игра дерби натпреварот помеѓу екипите на Охрид и Алкалоид во натпревар од Супер лигата.

За овој натпревар помеѓу Охрид и Алкалоид, своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Даниел Андоновски.

“Во серија сме од 4 меча во кои освоивме максимален број бодови. Овој викенд го пречекуваме Алкалоид, млада екипа која игра многу динамичен ракомет. Иако имаме проблем со умор и повреди, се надевам дека до натпреварот ќе сме целосно подготвени и со борба за секоја топка ќе ја продолжиме серијата победи и повторно ќе ја израдуваме охридската публика. Со победа ќе бидеме во позиција за пренесување бодови во пролетниот дел од првенството”, – изјави Даниел Андоновски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести