Младост од Богданци триумфираше на гостувањето кај Текстилец

Екипата на Младост 1977 Богданци забележа победа против екипата на Текстилец во Штип со резултат 27-23 во Првата лига.

На полувреме тимот од Богданци имаше предност од 15-9. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Младост 1977 Богданци, за на крај да го совлада Текстилец од Штип.

Најефикасен кај екипата на Младост 1977 Богданци беше Никола Роглев со шест гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Никола Јованов со осум гола.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.