Составот на Еурофарм Пелистер обезбеди сигурна победа во Кавадарци кај Тиквеш со конечни 30-20 во Супер лигата.
Тиквеш добро го започна натпреварот, и парираше само едно полувреме, но сепак не беше доволно за победа против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Себастијан Хенеберг со пет гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Страхиња Симиќ со четири гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷