Составот на Бутел Скопје ги освои бодовите кај екипата на Прилеп, откако славеше со резултат 33-25 во Супер лигата.
Во првото полувреме двете екипи играа гол за гол, па така заминаа со нерешен резултат на полувреме од 13-13. Во второто полувреме екипата на Бутел Скопје со добра одбрана и добар напад успеа да го преземи водството, за победа против Прилеп.
Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Стефан Крстевски со 9 гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Синиша Павлов со 6 гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷