Екипата на Ѓорче Петров оствари убедлива победа на гостувањето во Штип кај екипата на Астибо со резултат 39-23 во Женската Супер лига.
Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога на овој натпревар уште кога на полувреме имаше висока предност од 21-12.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со девет гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со десет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷