Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува гостување кај екипата на Бидасоа Ирун во натпревар од Лигата на Европа.
За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески.
“Бидасоа Ирун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, исполнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија”, – изјави Ненад Костески.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷