Ракометарките на Вардар забележаа победа против тимот на Гевгелија со резултат 33-27 во Женската Супер лига.
Од почетокот на натпреварот составот на Вардар имаше предност, па на пауза замина со активен резултат од 17-9. Во второто полувреме Вардар продолжи со водството, за на крај да слави победа против Гевгелија.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Сара Миновска со девет погодоци, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Ленче Илкова со 12 погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷