Екипата на Шампион пополека го формира ростерот за вториот дел од сезоната во Првата лига, откако се засили со двајца ракометари.
Станува збор за Антонио Иванов, кој настапува на позицијата пикер, а другиот ракометар е Кристијан Ѓоргиев, кој настапува на позицијата лев бек.
Антонио Иванов е повратник во тимот, откако и претходно настапуваше за Шампион, додека Кристијан Ѓоргиев претходно настапуваше за екипите на Металург и Алкалоид.

(фото – Рк Шампион)📷