Миха Зарабец го засилува тимот на Висла Плоцк

Ракометарот од Словенија, Миха Зарабец, кој настапува на позицијата среден бек го засилува тимот на Висла Плоцк.

Тој со екипата на Висла Плоцк потпиша договор на три сезони до 2026 година. Зарабец од екипата на Кил заминува по шест поминати сезони.

“Многу сум среќен што успеавме да го финализираме трансферот за кој се борам неколку години. Миха е играч од светска класа, па дефинитивно ќе биде големо засилување за нас – тој ќе биде одличен играч во средината, наизменично со останатите наши играчи на оваа позиција и ќе биде носител на играта”, – вели Адам Вишњевски, спортски директор на Висла Плоцк.

(фото – Рк Висла Плоцк)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести