Јакоб Вестергард е нов тренер на женскиот Битигхајм

Данскиот тренер Јакоб Вестергард го напушта тимот на Виборг, и од следното лето ќе биде нов тренер на женскиот тим на Битигхајм.

Данецот кој има 47 години со екипата на Битигхајм потпиша договор до 2025 година. Вестергард ќе го наследи Макус Гаугиш, кој ќе биде селектор на женската репрезентација на Германија.

„Јакоб Вестергард е тренер со висока репутација и огромно искуство. Среќни сме што можеме да го претставиме како наследник на Маркус Гаугиш на лето“, – изјави спортскиот директор Герит Винен.

(фото – ЖРК Битигхајм)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.