РФМ им подари 22 врамени дресови на ветераните, а подароци имаше и за фалангата

Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, им поделија 22 врамени дресови на ветераните кои веќе не настапуваат за репрезентацијата, а подароци доби и фалангата.

Митко Стоилов, Столе Стоилов, Горан Кузманоски, Бранко Ангеловски, Стевче Алушовски, Влатко Митков, Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Златко Мојсоски, Борко Ристовски, Александар Јовиќ, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Златко Даскалоски, Гоце Макалоски, Горан Ѓоргоноски, Раде Стојановиќ, Кире Лазаров, Владо Недановски, добија признанија за досега направеното за Македонија.

Исто така подароци доби и фалангата, нови тапани и признанија, кои ги примија Климе Стоилов и Ристо Шиц.

(фото – Ракометна Федерација на Македонија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести