Репрезентацијата на Македонија забележа убедлива победа против Алжир со 40-25 во натпревар од Президент Купот.
Македонија добро го започна натпреварот, и на полувреме обезбеди водство од 19-11. Во второто полувреме Македонија продолжи да го полни голот на Алжир, за на крај да се радува на висока победа.
Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Жарко Пешевски со седум гола, додека кај селекцијата на Алжир најефикасен беше Дауд со пет гола.
(фото – РФМ)📷