Египет забележа победа против Унгарија и го освои 7. место на Светското првенство

Селекцијата на Египет забележа победа против Унгарија со 36-35 по продолженија (28-28), и го освои 7. место на Светското првенство.

Египет од почетокот на натпреварот ја зголемуваше предноста, па на полувреме замина со 17-11. Во второто полувреме селекцијата на Унгарија се избори за продолженија, а во продолженијата подобра беше селекцијата на Египет.

Најефикасен во селекцијата на Египет беше Зеин со 12 погодоци, додека кај селекцијата на Унгарија најефикасен беше Бодо со 7 погодоци.

(фото – ИХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести