Екипата на Еурофарм Пелистер во продолжението од сезоната ќе има нов ракометар, кој доаѓа од Данска.
Станува збор за данецот Каспер Кисум, кој настапува на позицијата лев бек, и има 30 години. Кисум доаѓа во Битола од тимот на Сондерјуске, а во својата кариера настапуваше за тимовите на Рингштед, Нордсјаленд, Фленсбург, Битенфелд, Хановер, Феникс Тулуз.
Кисум за неколку дена ќе му се стави на располагање на тимот и стручниот штаб. Официјалното претставување е предвидено следната недела во клупските простории.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷