Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во продолжението од сезоната ќе има нов клуб во својата кариера.
Кузмановски потпиша договор со екипата на Вецлар до крајот на сезоната, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона. Македонецот доаѓа од Хановер, а настапуваше и за екипите на Магдебург и Металург.
„Бев среќен кога слушнав дека Вецлар е заинтересиран за мене. Ни претстои голема задача со цел да останеме будни. Ќе направам се за да му помогнам на тимот, а со тоа и на клубот да победи на многу натпревари и да го совладаме овој предизвик“, – изјави Филип Кузмановски.

(фото – Рк Вецлар)📷