Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се засили со црногорскиот младински ракометар Богдан Мијушковиќ.
Станува збор за ракометар, кој настапува на позициите лев и среден бек. Младиот ракометар доаѓа од екипата на Добова од Словенија.
“Доаѓам од Црна Гора, од градот Бар. Настапував за Добова од Словенија, а тука во Битола дојдов на полусезона. Супер ми е тука, момците одлично ме прифатија, тренинзите се супер, тренерот и лигата се супер исто така. Мене ми преостанува да напредувам. Имаме млада екипа, мора да напредуваме, играме плеј-оф и едвај чекам да заиграм”, – изјави Богдан Мијушковиќ.


(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷