Екипата на Еурофарм Пелистер 2 за следната сезона во Супер лигата го потпиша првото засилување.
Станува збор за Јован Симоновски. 17-годишниот пивот е производ на школата на Еурофарм Пелистер. Беше дел од генерацијата која минатата година играше на Ф4 турнирот во Келн.
Со екипата на Еурофарм Пелистер оваа година исто така настапуваше во младинската Лига на шампиони.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








