Тинекс Пролет како клуб е исклучително горд на својата кадетска екипа која има сезона за паметење.
Тимот составен од млади ракометари е без пораз во регуларниот дел од сезоната, обезбедувајќи пласман на фајналфор турнирот што ќе се одржи во недела во Битола.
Тренерот Игор Илиевски, кој работи со оваа група млади играчи, не го крие задоволството од сработеното во досегашниот дел од оваа сезона.
„Пред се, би сакал да кажам дека ми е чест и задоволство да работам со овие момци, горд сум на нашите резултати во досегашниот дел од сезоната. Овие ракометари настапуваат и во кадетското и во младинското првенство, голем дел од нив имаат натпревари и на сениорско ниво и сето тоа помага да напредуваат се повеќе. Заслужено бевме први во регуларниот дел од сезоната, но тоа не значи ништо, во овој фајналфор сите четири екипи влегуваат со подеднакви шанси, мораме да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме“, – вели Игор Илиевски.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








