Скопје 2020 забележа победа против Прилеп во плеј-аутот

Екипата на Скопје 2020 го совлада тимот на Прилеп со конечни 24-22 во 2. коло од плеј-аутот во Супер лигата.

Тимот на Скопје 2020 од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на полувреме замина со предност од 13-9. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Скопје 2020, па на крај да се радува на победа против Прилеп.

Најефикасен во тимот на Скопје 2020 беше Дамјан Јакимовски со седум гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Реваз Чантурија со шест гола.

(фото – Рк Скопје 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести