Ракометарите на Тиквеш остварија победа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со 29-24.
Тиквеш во текот на целиот натпревар беше во водство, па така немаше проблеми околу победата против Тинекс Пролет.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Мартин Димовски со шест гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски исто така со шест гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷