Кадетите на СП во група со Норвешка, Црна Гора и победникот на ИХФ трофеј

Машката кадетска репрезентација на Македонија, ги дозна противниците за настап на Светското првенство 2023 година што ќе се игра во Хрватска.

Македонија ќе игра во Ријека, а за противници ги доби репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и победникот од ИХФ трофејот кој се игра во Костарика.

Пласман во главната рунда обезбедуваат првите две репрезентации од групата. Светското првенство ќе се игра во Хрватска од 2 до 13 август 2023 година.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.