Тренерот Ларс Валтер нема да го води тимот на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи соопшти дека спогодбено е раскинат договорот со тренерот Ларс Валтер.

Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со тимот на Еурофарм Пелистер, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона.

На утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја водат асистентите на Валтер, Божидар Мојсов и Ице Соколески, а од понеделник клубот ќе го именува новиот тренер.

“РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер. Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона. Клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер. Целосно сме благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа. Во неговиот период Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и првпат играше на завршниот турнир на СЕХА Гаспром лигата. Веруваме дека оваа одлука ќе предизвика реакција кај тимот во невралгичниот дел на сезоната. На Ларс му посакуваме многу успех во понатамошната кариера и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност како него. На утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја водат асистентите на Валтер, Божидар Мојсов и Ице Соколески, а од понеделник клубот ќе го именува новиот тренер”, – стои во соопштението на Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.