Леонора Рахмани: Ние сме млада екипа, но ќе направиме големи работи

Екипата на Чаир во 1. коло од плеј-офот во Женската Супер лига оствари победа против Стружанка со 31-23.

Викендов тимот го очекува натпревар од Купот на Македонија, каде за противник ја има екипата на Ѓорче Петров. За овој натпревар своја изјава имаше ракометарката на Чаир Леонора Рахмани.

“Главниот дуел на ова натпреварување е против актуелниот шампион Ѓорче Петров, каде во составот на тимот има 5 играчи од македонската репрезентација. Сепак, нашиот тим е во состојба на подготвеност пред овој важен дуел. Во групата на ракометарките владее одлична атмосфера, одлична и кооректна соработка со техничкиот персонал. Сите ракометарки прецизно ги спроведуваат задачите дадени од тренерите на тимот и останува само максимална посветеност и спортска борба на теренот за остварување на целта. Исто така, двете екипи сме директни конкуренти во трката за титулата во Супер лигата, каде со сите сили ќе се бориме за ова историско достигнување за нашиот клуб. И сонот да претрпи мал удар, Чаир сепак ќе опстои”, – изјави Леонора Рахмани.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести