Спартак го изненади Скопје во Купот на Македонија

Ракометарките на Спартак остварија победа против Скопје со 27-25 во полуфиналето од Купот на Македонија.

Спартак го презеде водството, и на пауза замина со 14-13. Во второто полувреме Спартак ја одржуваше предноста која ја имаше во првото полувреме, па на крај да се радува на победа против Скопје.

Најефикасна во тимот на Спартак беше Јана Ѓошевска со 11 погодоци, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Антонија Радевска со 7 погодоци.

(фото – ЖРК Спартак)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.