Ракометарките на Металург забележаа победа против тимот на Овче Поле Славјански Универзитет со 31-25 во натпревар од Купот на Македонија.
Металург уште на паузата имаше високо водоство од 17-9. Во второто полувреме шанса искористија сите ракометарки во составот на Металург.
Најефикасна во тимот на Металург беше Ива Младеновска со 10 гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Анастасија Сентовска со 6 гола.
(фото – ЖРК Металург)📷