Ива Младеновска: Уште од мала сонував да играм за големи клубови како Брест и сега соништата ми се остварија

Младата ракометарка Ива Младеновска на само 16 години ќе го има првиот интернационален предизвик во својата кариера.

Десниот бек потпиша за Брест Бретањ, тим каде настапува во Лигата на шампионите и во францускиот шампионат.

“Уште од мала сонував да играм за големи клубови како Брест и сега соништата ми се остварија. Многу сум возбудена што започнав со Брест Бретањ. Имам само убави спомени од овој престој во Брест. Атмосферата беше неверојатна. Зборував со многу играчи во тимот и тие ми оставија многу добар впечаток. Имав неколку тренинзи и се беше толку добро организирано. Уживав и во градот Брест”, – изјави Ива Младеновска.

(фото – ЖРК Брест Бретањ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.