Екипата на Ѓорче Петров го доби дербито со Вардар во плеј-офот во Женската Супер лига, откако триумфираше со конечни 29-26.
Ѓорче Петров направи добра серија на почетокот на натпреварот, па на пауза замина со предност од 17-13. Во второто полувреме Ѓорче Петров продолжи со водството, па на крај да слави против Вардар.
Најдобар стрелец во тимот на Ѓорче Петров беше Теодора Дукоска со осум голови, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Сара Стефаноска со 11 голови.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷