Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави поширокиот список на ракометарки за баражот со Украина.
На списокот повикани се 35 ракометарки. Првиот натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Украина се игра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот е во унгарскиот град Кишварда на 11 април со почеток во 17:00 часот.

(фото – РФМ)📷