Плеј-офот во Супер лигата продолжува со натпреварите од 6. коло, во кое ГРК Охрид му гостува на Еурофарм Пелистер во Битола.
„Гладијаторите“ најавуваат сериозен пристап и голема борба во мечот со фаворитот. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Виктор Василевски.
“Во четврток не очекува тешко гостување во Битола. Екипата на Еурофарм Пелистер е фаворит, но нема да одиме таму да се предадеме. Поради лошиот ден со екипата на Пролет емотивно сме истрошени, но ќе се собереме и ќе покажеме дека имаме квалитет. Најавуваме борба во Битола, а зашто да не и резултат во наша корист. Ги покануваме сите љубители на ракометот и нашите верни навивачи да не поддржат”, – изјави Виктор Василевски.

(фото – ГРК Охрид)📷