Вардар 1961 ја совлада Војводина и се пласираше на Ф4 турнирот во СЕХА лигата

Екипата на Вардар 1961 забележа победа на гостувањето во Нови Сад, кај екипата на Војводина со 32-26 во натпревар од четвртфиналето во СЕХА лигата.

Во првото полувреме водство имаше екипата на Војводина, па на пауза замина со предност од 15-11. Во второто полувреме екипата на Вардар 1961 успеа да се врати и да направи пресврт, за на крај да слави против Војводина.

Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Гоце Георгиевски со десет гола, додека кај екипата на Војводина најефикасен беше Симо Шијан со девет гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.