Македонија и по вторпат загуби од Украина

Репрезентацијата на Македонија загуби од селекцијата на Украина со резултат 31-22 во бараж двомечот за пласман на СП 2023 година.

Селекцијата на Украина од почетокот на натпреварот направи високо водство, и на пауза замина со високи 24-12. Во второто полувреме Украина продолжи со добрата игра, па на крај да ја совлада Македонија.

Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Леонида Гичевска со девет гола, додека кај селекцијата на Украина најефикасна беше Ирина Глибко со седум гола.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести