Ненад Костески: Верувам дека овој тим ќе направи исчекор оваа сезона

На 22 години веќе има повеќе искуство од некои негови постари колеги, но неговото време дефинитивно допрва доаѓа.

Ненад Костески, познат и како „Ер Струга“, е предводник на новата генерација македонски играчи кои моментално настапуваат за вицешампионот Еурофарм Пелистер.

“Мислам дека оваа година може да биде вистинската. Се трудам максимално да ја искористам секоја дадена можност, да се подобрувам на дневна основа. Нестрплив сум да направам чекор напред, но исто така се трудам да бидам трпелив и да направам се за да ја исполнам мојата цел. Чувствувам дека Битола многу ми одговара, тука сум веќе три години, а имам уште две години договор. Можам да го почувствувам напредокот што го постигнувам овде. Нашата главна цел е конечно да ја освоиме титулата во Македонија – ова беше и една од главните причини зошто решив да се вратам во Македонија. Еурофарм е амбициозен клуб и навистина сум среќен поради тоа”, – изјави Ненад Костески во интервју за СЕХА лигата.

(фото – Сеха Лига)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести