Стефан Додиќ е нов ракометар на словенечкиот Целје!

Српскиот репрезентативец Стефан Додиќ од следната сезона ќе има нов клуб во својата кариера.

Тој потпиша договор до 2025 година со екипата на Целје од Словенија. Додиќ во Целје доаѓа од екипата на ППД Загреб, а претходно има настапувано и за екипите на Металург, Вардар 1961 и тимот на Охрид.

„По потпишувањето на договорот со Целје Пивоварна Лашко се чувствувам одлично, бидејќи мислам дека направив чекор во вистинската насока. Целје Пивоварна Лашко има одличен центар и верувам дека брзо ќе се вклопам во тимот. Се надевам дека не чека многу добра нова натпреварувачка сезона“, – изјави по потпишувањето на договорот Стефан Додиќ, кој во следните две сезони ќе игра во Целје како позајмен ракометар од полскиот Киелце.

(фото – Рк Целје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.