Ракометарите на Младост Богданци забележаа победа на домашен терен против тимот на Голден Арт 2 со резултат 30-28 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.
Иако тимот на Голден Арт 2 на полувреме имаше предност од 16-14, сепак екипата на Младост Богданци успеа да направи пресврт и да слави победа.
Најефикасен во тимот на Младост Богданци беше Никола Роглев со 10 погодоци, додека кај екипата на Голден Арт 2 најефикасни беа Кристијан Стаменковиќ и Петар Стојаноски со по 7 погодоци.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷