Ракометарките на Астибо забележаа победа на гостувањето кај екипата на Спартак со конечни 30-26.
На полувреме Спартак имаше водство од 13-11. Во второто полувреме Астибо направи пресврт и дојде до победа против Спартак.
Најефикасна кај екипата на Астибо беше Марија Анчева со 13 погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со 7 погодоци.
(фото – ЖРК Астибо)📷