Алкалоид ги стартуваше подготовките за новата сезона (ФОТО)

Екипата на Алкалоид ги стартуваше подготовките за новата сезона. Екипата ја имаше првата прозивка во „Автокоманда“.

На првиот собир, ракометарите ги поздрави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје и им посака пред сѐ здравје и успех во новата сезона.

Во новата сезона Алкалоид ќе се натпреварува на четири фронта. Покрај домашното првенство и Купот на Македонија, ќе игра и во новоформираната Регионална лига со екипи од Србија и од Црна Гора, а на меѓународната сцена ќе игра и во ЕХФ Европскиот Куп каде што беше победник во сезоната 2024/25.

Подготовките на Алкалоид ќе се одвиваат во три дела. Првиот дел е воведниот во тренажниот процес и ќе се реализира во Скопје. Потоа од трети август екипата ќе замине на подготовки во Маврово, по што во последната фаза, подготовките ќе бидат финализирани со контролни натпревари.

(фото – Рк Алкалоид)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *