Драгана Петковска потпиша за Калиш од Полска

Македонската репрезентативка Драгана Петковска во новата сезона ќе има нов предизвик во ракометната кариера.

Ракометарката Драгана Петковска во новата сезона ќе го носи дресот на Калиш од Полска, каде потпиша договор со овој тим.

„Многу сум среќна што се приклучив на Шчипиорно Калиш. Од првиот ден, ќе дадам сè од себе на секој тренинг и на секој натпревар за да му помогнам на тимот да ги постигне најдобрите можни резултати. Едвај чекам да започне сезоната и за нашите навивачи“, – вели новата голманка на Калиш, Драгана Петковска.

(фото – ЖРК Калиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *