Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027.
Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг.
Во стручниот штб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт).
Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт.
Во клубот нови засилувања се: Александар Стојков (Куманово), Марко Трајков (Пролет), Кристијан Симоноски (Алкалоид), Божидар Илиески (Прилеп).
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го напуштија ракометарите: Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Маркоски, Одифред Баптист, Томче Пецаковски, Бојан Гичев, Јован Даневски.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷











