Некогашните соиграчи Наумче Мојсовски и Гоце Георгиевски се сретнаа денес во куќата на спортот. Темите неисцрпни, моменти од сеќавања полни со емоции.
Се започна во Автокоманда, каде Гоце настапуваше за Рк Металург од 2006-2016, па следува преселба во Букурешт каде настапуваше три сезони. Од Романија се враќа повторно во родниот град, во кој ја продолжува кариерата во Рк Вардар, за кој се уште настапува.
Неговото пензионирање од националниот тим, доаѓа во време на подмладување на ракометната репрезентација, кое емотивно се случи изминатиов викенд, на квалификациониот натпревар со Турција.
Во изминативе 16 години беше неизоставен дел од натпреварите на македонскиот национален тим, а нив ги има преку 200.
„Задоволството од носење на националниот дрес е непроценливо”, – беше заедничко мислење на двете ракометни легенди.

